Top Sport

Еклстоун: Хамилтон е „готов“

Берни Еклстоун направи ретка посета на Формула 1 трка оваа сезона, откако е на гости во Азербејџан, една од локациите која поради него е дел од календарот, по што даде негова искрена оценка за формата на четирикратниот светски шампион, Луис Хамилтон.

Ако се сметаат трките од финишот на минатата сезона, Хамилтон има шест трки без победа и Еклстоун смета дека тоа е доволна причина за „аларм“.

„Тој веќе не е возачот кој беше. Веќе ја нема истата глад за победи и желбата за титули“, вели 87-годишниот Еклстоун, кој беше „избркан“ од Формула 1 по откупот на спортот од страна на новите американски газди „Либерти медија“.

Хамилтон, иако заостанува само девет поени зад лидерот Себастијан Фетел, ја има историјата против него – само еднаш во историјата возач кој не победил на првите трки станал светски шампион (Алан Прост во 1989 година).

„Јас секогаш ги кршам очекувањата и рекордите, така што воопшто не сум загрижен“, вели Хамилтон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top