Top Sport

Тудор: Во Удинезе владее депресија

Новиот тренер на Удинезе, Игор Тудор утре ќе го има дебито против Беневенто, клуб кој веќе е во втората лига, но признава дека тимот е во „депресија“ по 11 порази во низа.

Тудор, поранешниот дефанзивец на Сиена и Јувентус, на клупата во Удине го замени Масимо Одо откако тимот постави неславен рекрод од 11 порази едноподруго.

„Јасно е дека позицијата на Беневенто на табелата не ја покажува нивната вистинска форма, бидејќи тие заслужено го победија Милан на ’Сан Сиро’ минатата недела и играат добар фудбал. Им порачав на моите играчи да се погледнат во огледало и да проценат што е најважно. Го најдов тимот кој го очекував – играчи кои имаат 11 порази во низа. Се работи за добри момчиња, кои не се навикнати на ваква ситуација. Тие се нервозни и депресивни и направив што можам за ова кратко време да им го кренам духот“, вели 40-годишниот Тудор, кој претходно беше тренер на Хајдук, ПАОК и Галатасарај.

Фото: ЕПА

Scroll to Top