Џеси Лингард ќе се врати во Манчестер јнајтед ова лето по фантастичната позазјмица во Вест хем, но предупредува дека во иднина мора да има „редовен фудбал“.
28-годишниот фудбалер од средниот ред постигна 9 гола во 16 меча за Вест хем, по што беше повикан во англиската репрезентација, иако не влезе во конечниот список на Герет Саутгејт за ЕУРО 2020.
„Најважното за мене е да имам редовен фудбал. Откако бев на позајмица и добив шанса, почнавте да ме гледате во вистинско светло, со голови и аситенции. Никогаш не сум се сомневал во мојата способост. Зборував со Оле пред минатата сезона и тој ми кажа дека ќе видиме во декември. Потоа ме пуштија на позајмица и имав поддршка од него“, вели Лингард.