Top Sport

Халанд се договорил со Реал Мадрид?

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и норвешки репрезентативец, Ерлинг Халанд се договорил за трансфер со Реал Мадрид ова лето. Оваа информација ја сподели познатиот италијански инсајдер, Алфредо Педула кој наведува дека сега преостанува уште двата клуба да се договорат околу отштетата.

„Милионерите“ сакаат да го продадат за сума не помала од 175 милиони долари, но доколку челниците на Борусија не попуштат, веќе наредното лето можат многу да загубат, поради клаузулата, па ќе мора да го продадат „само“ за 75 милиони евра.

Реал Мадрид ова лето сериозно „загриза“ и за Килијан Мбапе, но тешко дека ПСЖ лесно ќе се ослободи од францускиот репрезентативец.

Доколку „Кралевите“ успеат во нападот да го состават тандемот Халанд-Мбапе, ќе имаат страшно убиствено дуо пред кое е блескава иднина.

Scroll to Top