Марио Манџукиќ се здоби со тешка повреда во дербито на 35.коло против Интер во Милано.
Јувентус на „Сан Сиро“ во одличен натпревар со неверојатен пресверт успеа да победи 3:2. Два гола Јувентус постигна во последните три минути од натпреварот, иако од 15.минута играше со играч повеќе.
Матијас Весино играчот на Интер доби директен црвен картон поради грубиот старт врз Манџукиќ.
Инаку судијата Даниеле Орсато, црвениот картон на Уругваецот му го доделе откако ја прегледа снимката.
Манџукиќ и со таква повреда ираше до 66.минута, а по мечот на Инстаграм објави фотографии, на кои се гледа сериозноста на повредата.