Шпанскиот весник „Мундо депортиво“ тврди дека левиот бек на Барселона, Жорди Алба е првата цел на Интер во летниот преоден рок и се подготвени да понудат играчи за замена.
Алба има договор со Блауграна до јуни 2024 и игра во одбрана со четири луѓе, но и на левото крило, каде што би играл под Симоне Инзаги следната сезона. Интер повеќе би сакале да дадат играчи наместо пари. Алба имаеше 5 гола и 15 асистенции во 49 меча за Барса оваа сезона, а исто така има 74 настапи за шпанската репрезентација.
Од друга страна „Скај спорт Италија“ инсистира дека прв избор на Интер е Маркос Алонсо од Челси, кој би можел да биде вклучен во договорот за „трампа“ за Ашраф Хакими, за кого се заинтересирани Челси, но и Пари Сен-Жермен.