Top Sport

Федор проговорил за испрашувањето од ФБИ: Зад мене стои армија од Руси, Срби, Грци и секако Американци (Видео)

Неколку часа пред почетокот на спектаклот во Илиноис се појави информација дека рускиот ММА борец, Федор Емелиенко, бил испрашуван од агенти на ФБИ. Откако, Федор, во првата рунда за само 48 секунди, го нокаутира својот противник Френ Миро, одговорил и на ова новинарско прашање.

„Тоа не ми пречеше воопшто. Се е во ред“, рекол Федор.

Еден од новинарите потоа го праша дали е шпион, а Федор се насмејал и рекол дека не е.

Американските медиуми потсетија дека Федор пред десет години потпишал договор со „Афликшн Ентертејмент“. Оваа промотерска куќа повеќе не постои, а нејзиниот челник Мајкл Коен денес е под истрага поради наводни врски со Русија и поради наводни манипулации за време на претседателските избори во САД во 2016 година.

Инаку, Федор, без проблеми го реши Миро и најави дека не се откажува од шампионската титула.

„Бог ми даде шанса, но свесен сум дека зад мене стојат многу луѓе што се молат за мене, Руси, Срби, Грци и секако американската публика. Неверојатно е чувството кога ќе се настапува во Америка, кога знам дека многу луѓе навиваат за мене. Знам колкава армија навивачи имам, ќе дадам се од себе да ги оправдам нивните очекувања“, рекол Федор.

Scroll to Top