Мохамед Салах наскоро ќе потпише нов договор со Ливерпул, објавија англиските медиуми. Најдобриот стрелец во Премиер лигата ќе добие двојно поголема плата.
Минатото лето кога Салах пристигна во Ливерпул, договори плата од 90.000 фунти неделно, а сега клубот подоготви зголемување на 185.000 фунти.
Медиумите во Англија тврдат дека Салах ќе го потпише новиот договор веднаш по завршувањето на сезоната.
На овој начин Ливерпул ќе ги одбие сите клубови што сакаат да го видат Салах во своите редови, а според шпекулациите најзаинтересиран за Египќанецот е мадридски Реал.
Мохамед Салах оваа сезона има постигнато 41 гол на 44 одиграни натпревари во сите натпреварувања.