Top Sport

Сити со „лекција“ за Вест Хем, поминаа над 100 гола во една сезона (видео)

Новиот англиски шампион, Манчестер сити во „машината“ го стави и тимот на Вест Хем победувајќи со убедливи 1:4 на „Лондон стадионот“ пред дербито Манчестер јунајтед-Арсенал.

Сити во првите половина час поведе со 0:2 благодарение на головите на Лирој Сане и автоголот на Пабло Забалета, но „чеканите“ намалија на 1:2 преку Кресвел пред крајот на полувремето.

Тимот на Пеп Гвардиола имаше и одличен почеток на второто полувреме, за преку Габриел Жесус (53. минута) и Фернандињо (64. минута) да ги обезбеди трите поени и во исто време да има дури 102 постигнати голови во 35 кола во доминантната сезона.

Покрај ова, шампионите имаат најмногу гостински победи во една сезона (15) и го израмнија рекордот на Челси со најмногу победи во една сезона (30).

За Дејвид Мојс и за Вест Хем преостануваат уште четири кола да се обезбеди опстанокот во Премиер лигата – клубот е на 15. место со 35 поени, само три пред 18-пласираниот Саутемптон.

Scroll to Top