Top Sport

Тони Надал: Ѓоковиќ сега е фаворит во трката по гренд слемови пред Рафа

Тони Надал, менторот и чичкото на Рафаел Надал вели дека неговиот внук веќе не е фаворит во трката за освојување на повеќе гренд слемови по поразот на Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ.

60-годишниот Тони Надал работеше со Рафа од неговото детство до 2017 година, а сега ја води неговата академија на Мајорка и работи со младиот канадски тенисер Феликс Оже-Алијасим. На Ролан Гарос оваа година, Новак Ѓоковиќ го освои својот 19. гренд слем за да дојде на само една титула од рекордот на Надал и Роџер Федерер од 20 гренд слема.

„Вистината е дека пред Ролан Гарос сметав дека Рафаел е фаворит, но сега работите се сменија. Напишав дека следниот Вимблдон и САД опен ќе ги дефинираат работите, бидејќи секоја наредна година ќе биде тешко за ветераните да ги освојат. Стефанос Циципас беше на работ да го победи Ѓоковиќ во Париз, Данил Медведев и Александер Зверев се опасни, а доаѓаат и младите Италијанци, Јаник Синер и Лоренцо Мусети. Дали Ѓоковиќ може до ‘златен слем’? Ќе биде тешко, но бидејќи е број 1 е веројатно“, вели Надал сениор во интервју за „Марка“.

Ѓоковиќ може да се израмни со Надал и Федерер веќе на Вимблдон, кој стартува од понеделник, и каде ќе го нема Надал (кој паузира).

Scroll to Top