Третата светска тенисерка во моментов, Романката Симона Халеп објави дека нема да учествува на ОИ што летово ќе се одржат во Токио.
На мастерс турнирот во Рим Халеп доживеа повреда на мускулот, па поради тоа го пропушти настапот на Ролан Гарос, а во последен момент се откажа и од настап на Вимблдон.
Таа жали што се уште не е доволно опоравена за да може да ја претставува својата земја на Олимпијадата во Токио.
„Ништо не ми претставува поголема гордост од тоа да ги бранам боите на Романија, но за жал се уште се опоравувам од повредата поради која ќе морам да се откажам од настап на ОИ“ порача Симона Халеп.
За потсетување, настапот на ОИ веќе го откажаа Рафаел Надал, Доминик Тим, Серена Вилијамс…