Македонската репрезентација до 16 години ја победи Бугарија до 16 години со 2:0 на вториот контролен натпревар во Софија.
Селекцијата на селекторот Марио Вујовиќ одигра 1:1 во првиот натпревар со Бугарија. Андрија Живиќ во 26. минута го постигна водечкиот гол за нашата репрезентација, додека победата беше потврдена по четири минути во второто полувреме, откако Живиќ асистираше до Иван Николов кој погоди за 2:0.
Македонија У-16: Алчевски, Тодоровски, Николов, Сали, Живиќ, Илиевски, Петејчук, Ѓурковски, Станковски, Арифи, Максимов; Селектор: Марио Вујовиќ
Величковски, Ајдини, Стојменов, Андоновски, Георгиев, Костески, Мурати, Костовски.