Бугарската фудбалска легенда, Димитар Бербатов вели дека е ОК што Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер на светот, но според него само ѕвездата на Барселона, Лео Меси заслужува да биде прогласен за најдобриот на сите времиња.
Бербатов играше една сезона со Роналдо во Манчестер јунајтед, но за него само Аргентинецот е на врвот.
„Тој е е.ано најдобриот. Роналдо е брилијантен, но Меси е мој тип на играч. Тој ја гледа играта толку јасно. Може да постигне гол, да креира шанси, да брани. Комплетен играч, најверојатно најдобар во историјата. Тој ме тера да викам Меси, Меси кога го гледам на ТВ!“, вели Бербатов.
Сепак, бугарскиот фудбалер кој сега игра во Индија во тимот на Керала бластерс, додава дека Роналдо е пример кој треба да се следи, но според работата, а не стилот на игра.
„Младите фудбалери се обидуваат да го следат тоа што го прави Роналдо. Го имитираат со косата, облеката, автомобилите, триковите. Јас се обидувам да им објаснам колку напорно Кристијано работеше на тренинзите. Тој сакаше да биде најдобриот. Другото дојде подоцна“, вели 36-годишниот Бербатов.