Top Sport

Марко Пејчоновски повторно го преплива Охридското езеро

Малиот Марко Пејчиновски по втор пат успеа да го преплива Охридското езеро. Пејчоновски во јавноста стана познат кога пред три години, на 12-годишна возраст, успеа да исплива 30 километри од Охрид до Свети Наум. Подвигот го напарави иако имаше здравствени проблеми, односно некроза на ногата.

Денес, Пејчиновски, во чест на празникот Свет Наум, го повтори подвигот. Тој тргна во седум часот од Градското пристаниште, а во Св. Наум пристигна после 7 часа, 14 минути и 50 секунди.

Марко го одбра денешниот ден поради празникот Св. Наум. Што се однесува до пливањето, Марко немаше криза од почетокот од крајот. Имаше мал проблем со струењето кај Трпејца, но се преброди без проблем. Подвигот беше пријавен во сите релевантни спортски куќи и ќе се смета како официјален, – изјавија од тимот на Марко.

Фото/Ohridnews.com

 

Scroll to Top