Марсеј се договорија со Арсенал за позајмица на фудбалерот од средниот ред Матео Гендузи, кој ќе пристигне на „Велодром“ со опција за купување по крајот на следната сезона.
Гендузи пристигна во Арсенал од Лориен во 2018 година, но ја помина сезоната 2020/21 на позајмица во Херта Берлин, но по конфликтот со менаџерот Микел Артета последен пат одигра меч за „топчиите“ во јуни 2020.
„Гендузи е модерен фудбалер од средниот ред, технички подготвен со одлична способност за подавање“, се вели во објавата на Марсеј.
Марсеј ќе плати само 1.000.000 евра да го добие Гендузи на позајмица, а потоа со 10 милиони евра ќе го направат нивни постојан фудбалер.
??????? ??? ?
┈┈┈┈╭╯╰╰╰╰╰╮┈┈┈
┈┈┈┈▕╭▅╮╭▅╮▏┈┈┈
┈▕▔▔▔▔▔▔▔▔▔▔▔▏┈
╭━╮@matteoguendouzi╭━╮
┃┳╯ ┈est Olympien┈ ╰┳┃
┃┣▏ ┈┈ ?⚪️ ┈┈┈▕┫┃
╰▕▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▏╯pic.twitter.com/WTF2M4oLkY— Olympique de Marseille ?? ?? (@OM_English) July 6, 2021