Левиот бек на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, го одработи денешниот тренинг, во пресрет на дуелот со Арсенал, во Лига Европа.
Бразилскиот репрезентативец, бргу закрепна операцијата што му беше извршена поради фрактурата на фибулата.
32-годишниот лев бек, на 15.март на осмина-финалниот натпревар против Локомотив во Москва, се повреди во еден дуел со противничкиот играч Едер.
Иако по операцијата Атлетико објави дека за него сезоната е завршена и дека под знак прашалник е неговиот настап на Светското првенство во Русија, левиот бек успеа да се рехаблитира.
Во финишот на сезоната тој ќе биде големо засилување на Атлетико.