Бугарската фондација „Мега лига“ излезе со нов проект за зајакнување на фудбалот во југоисточна Европа, во кој би бил вклучен и македонскиот шампион Вардар и во кој би настапувале тимови од Бугарија, Србија, БиХ, Словенија, Хрватска, Грција, Албанија, Кипар, Молдавија, Израел, Азербејџан, Грузија, Ерменија и Косово.
Според проценките на фондацијата, оваа лига би можела да очекува дури 200 милиони евра од ТВ-правата, а би биле формирани прва лига со 20 клубови и втора лига со 22 клуба, од кои три би испаѓале секоја сезона.
Во првата лига би имало еден македонски претставник, шампионот Вардар, заедно со тимови како Црвена звезда и Партизан, Левски и ЦСКА Софија, Динамо Загреб и Хајдук, Сараево и Железничар, но и грчките Олимпијакос и Панатинаикос.
Ова не е првпат да се „игра“ со идејата за регионална лига, дали на просторите на поранешната Југославија, дали на проширен план. Остануваат истите проблеми – политичките конфликти (клубови од Србија и Косово, клубови од Македонија и Грција, клубови од Азербејџан и Ерменија), согласност на сите регионални фудбалски федерации и секако „зелено светло“ од УЕФА.
Повеќе за идејата на „Мега лига“ фондацијата можете да прочитате на нивниот официјален веб-сајт.
МЕГА ЛИГА 1
Стеауа (ФВСБ) (Ром)
Динамо Букурешт (Ром)
Универзитатеа (Ром)
Олимпијакос (Грц)
Панатинаикос (Грц)
Макаби Тел Авив (Изр)
Макаби Хаифа (Изр)
Црвена звезда (Срб)
Партизан (Срб)
Левски (Буг)
ЦСКА Софија (Буг)
Динамо Загреб (Хрв)
Хајдук (Хрв)
Сараево (БиХ)
Железничар (БиХ)
Олимпија (Сло)
Марибор (Сло)
АПОЕЛ (Кип)
Омонија (Кип)
Вардар (Мак)
МЕГА ЛИГА 2
Рапид Букурешт (Ром)
Петролул (Ром)
Универзитатеа Клуж (Ром)
Клуж (Ром)
ПАОК (Грц)
АЕК (Грц)
Хапоел Тел Авив (Изр)
Беитар Ерусалим (Изр)
Војводина (Срб)
Раднички Ниш (Срб)
Ботев Пловдив (Буг)
– неименуван тим од Бугарија
Риека (Хрв)
Нефчи (Азе)
– неименуван тим од Азебејџан
– Тирана (Алб0
– неименуван тим од Албанија
Динамо Тбилиси (Гру)
Арарат (Ерм)
Зимбру (Мол)
Приштина (Кос)
Будуќност (ЦГо)