Јапонските власти се приморани да воведат нова вонредна состојба во земјата поради влошување на состојбата предизвикана од коронавирусот.
Токио, градот каде на 23 овој месец ќе бидат отворени Олимписките игри, денеска има регистрирано 920 нови случаи на заразени со Ковид 19, па затоа трибините на Олимпијадата најверојатно ќе бидат затворени.
Јапонскиот премиер Јишиде Суга се уште не соопштува дали ОИ ќе се одржат под вонредни услови.
Во текот на целата година народот во Јапонија во поголемиот дел беше против одржување на Игрите, но јапонските власти поради губење на финансиите беа приморани да ја организираат Олимпијадата.
Наводно вонредната состојба би траела до 22 август, а крајот на ОИ е предвиден за 8 август.
Доколку Јапонија повторно влезе во вонредна состојба, тоа ќе е за неа четврта од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Според последните податоци, досега има над 800.000 заразени и над 15.000 починати како последица од Ковид 19.