Top Sport

Барти првпат е во финале на Вимблдон – на патот ја прескокна Кербер

Австралиската тенисерка Ешли Барти, првопласираната на ВТА листата е првата финалистка на грен слем тенискиот турнир Вимблдон. Барти по 90 минути борба во Лондој ја совлада Германката Анжелик Кербер со 2-0 ( по сетови 6-3 и 7-6).

Во првиот сет пресуден беше вториот гем. Тука Барти освои поен на сервис на противничката доволен за предност од 1-0 во сетови.

Во вториот сегмент од натпреварот двете тенисерки по еднаш киксираа на свој сервис, Барти во вториот, а Кербер во деветтиот гем. Во тај брејкот Австралијката беше убедлива.

Барти го обезбеди своето прво финале на Вимблдон откако таа пред две години стигна до четвртата рунда на гран слем турнирот, што и беше најголем успех во Лондон.

Противничка на првата носителка на турнирот ќе биде подобрата од второто полуфинале кое започнува за кратко, а во кое силите ќе ги одмерат Каролина Плишкова од Чешка и Арина Сабаленка од Белорусија.

Scroll to Top