Top Sport

Мекгрегор го провоцира Хабиб: Татко му ги местеше натпреварите!

Ирскиот борец, Конор Мекгрегор се чини се уште не може да го прежали поразот од Хабиб Нурмагомедов во 2018 година. Тогаш Дагестанецот во 4 рунда го „задуши“ Ирецот , а минатата година реши да се прости од професионалното натпреварување.

Тоа не му се допадна на Мекгрегор кој сакаше да добие реванш.

Во интервју за „ЕСПН“ тој повторно го нападна ривалот велејќи дека тој ништо не оствари во спортот.

„Каде е сега Хабиб, каде отиде? Побегна со спринт, исчезна. Ништо не оствари во овој спорт. Тој е непоразен во борбите со борци кои имаат по 3 победи и 6 порази. Се бореше на такви натпревари организирани од татко му. Татко му му местеше такви ривали. Победуваше борци со скор од 2 победи и 8 порази, а со такви се бореше во првите 20 наастапи. Три вредни победи запиша во УФЦ, а пред тоа ништо освен откажување борби и паѓање на ваха“ рече Мекгрегор.

Очигледно е дека се обидува да го испровоцира Хабиб да се врати во рингот, што Дагестанецот нагласи дека по смртта на татко му е невозможно.

Scroll to Top