Top Sport

Ѓоковиќ: Титулата би ми значела се, затоа и играм!

По победата на Ѓоковиќ против Шаповалов во полуфиналето на Вимблдон, српскиот ас истакна дека многу би му значела шестата титула во Лондон.

„Титулата би ми значела се, затоа и играм! Се замислував себе си дека се борам за уште еден грен слем трофеј пред доаѓањето во Лондон. Се најдов во добра позиција, сепак во финалето се е можно. Очигледно искуството е на моја страна. Беретини доби многу натпревари на трева сезонава, во голема форма е“ рече Ѓоковиќ.

Призна дека Шаповалов го намачи.

„Никогаш не сум загубил од него, но во последните 3-4 меча беше навистина тесно. Во првите два сета мислам дека беше и подобар. Во важните моменти ментално се задржав подобро од него, го терав да направи неизнудена грешка“ вели Ноле.

Финалето против Италијанецот Беретини е во недела, истиот ден кога Италија игра финале на ЕУРО 2020 против Англија во Лондон.

„Не сум сигурен дека ќе ја имам поддршката на публика, но се надевам дека мнозинството ќе е на моја страна. Беретини на првото грен слем финале во кариерата е еден вид аутсајдер, сепак се надевам дека луѓето ќе ја разберат важноста на овој меч за мене“ рече српскиот ас.

Scroll to Top