Евроликашките кошаркарски клубови што поседуваат „А“ лиценца, потпишале изјава во која го осудуваат однесувањето на сосптвеникот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос.
Во изјавата се става акцент на „бедното однесување“ на Јанакопулос и се осудуваат сите негови напади на Евролигата, на нејзините челници, бидејќи таквото негово однесување е спротивно на сите етички принципи и спортските вредности.
Јанакопулос подолго време се онесува насилнички кон сите членки на Евролигата, а особено кон Џорди Бартомеу, кого секојдневно го етикетира.
„Со своите напади господинот Јанакопулос, навреди поединци, групи и ја навреди евролигашката кошарка. Навредите од негова страна доведоа до тоа целиот одбор на Евролигат, со исклучок на Панатинаикос, да дојде до заедничка одлука помеѓу клубовите и водството на лигата.
„Преостанатите десет клубови, членови на ЕЦА одборот, заедно со претседателот и директорот на Евролигата, му дадоа инструкции на правниот тим да покренат судска постапка против господинот Димитрис Јанакопулос, со цел да биде поправена штетата што тој и ја нанесе на сликата, честа, интегритетот и кредибилитетот на натпреварувањето, клубовите, судиите, но и на претседателот и директорот на Евролигата“, стои во дел од изјавата на Евролигашите што поседуваат „А“ лиценца.