Фудбалерите на турски Галатасарај требаше да играат пријателски меч во Атина, против екипата на Олимпијакос, но по проблемите на грчко – турската граница, тие се вратија во Истанбул.
Како што информираат од тимот на Галатасарај причина за тоа е односот на грчките цариници кои во од ги менувале правилата и протоколите на граничниот премин, па на целата експедиција не и биле признаени ПЦР тестовите направени во Истанбул.
„Целосно го почитувавме тоа што грчките службеници го бараа од нас, а тоа се ПЦР-тестови не постари од 72 часа, брзи антигенски тестови во последните 48 часа и потврда за вакцинација, по што беа пропуштени неколку лица од нашата група. Тогаш еден од грчките цариници рече дека не ги прифаќаат нашите ПЦР-тестови и дека ќе мора да се тестираме повторно. Тоа го кажа ептен дрско, без разлика што меѓу Турција и Грција постои протокол за меѓусебно признавање на ПЦР тестовите. Грчките службеници не дозволија нашите фудбалери да ги користат салоните на аеродоромот, а не ни дадоа ниту вода “, се наведува во соопштението од ФК Галатасарај.
По инцидентот се огласил и министерот за спорт на Турција. Тој го осудил инцидентот и дал поддршка на Управата на турскиот клуб што одлучиле да се вратат во Истанбул.