Канадската тенисерка Бјанка Андреску објави дека нема да учествува на ОИ во Токио.
„Уште како девојче сонував да ја претставувам Канада на ОИ, но со сите промени со кои се соочуваме, во длабочината на душата чувствувам дека донесов вистинска одлука“ напиша Андреску на социјалните мрежи.
Таа е последната од големите тениски имиња кои го откажаа својот настап во Токио од најразлични причини. Во оваа група се Надал, Тим, С. Вилијамс, Халеп…
За Канада на Олимпијадата нема да настапи ниту Денис Шаповалов, полуфиналистот од Вимблдон.