Top Sport

Италија против Аргентина на „Диего Армандо Марадона“

Континенталните шампиони на Европа и Јужна Америка, Италија и Аргентина, би можеле да одиграат натпревар на стадионот Сиего Армандо Марадона во Неапол, објави „Њујорк тајмс“.

Новинарот на „Њујорк тајмс“, Тарик Пања, пренесува дека се планира овој меч да претставува репрезентативен Интерконтинентален куп и спектакл, бидејќи натпреварот би се играл на стадионот кој го носи името на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

УЕФА и КОНМЕБОЛ, веќе стапиле во преговори за одигрување на напреварот, кој би имал пријателски карактер.

Италија и Аргентина, последен пат играле на стадионот во Неапол, во 199о година на Светското првенство. Тогаш во финалето, Аргентина, предводена од Марадона, по изведувањето на пенали ја елиминираше Италија.

Scroll to Top