Top Sport

Хадсон-Одои поради расизмот ќе престане да игра за Англија

Фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои (20), има намера да престане да игра за Англија и да почне да игра за националниот тим на Гана.

Хадсон-Одои, започнал да размислува за промена на националните бои, откако Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака беа мета на расистички напади поради промашените пенали во финалето против Италија.

За да не го доживее она што им се случи на овие тројца играчи тој сакал да заигра за земјата во која е роден.

Младиот фудбалер неодамна бил во Гана, таму се сретнал со претседателот Акуф-Адо, кој му наложил на министерот за спорт да ја започне процедурата која ќе му овозможи на крилниот напаѓач да игра за Гана.

Хадсон-Одои има три настапи за Англија, но и понатаму има опција да ја смени репрезентација. Услов за нешто такво е тој повеќе да не игра за Англија.

Доколку навистина има желба да игра за Гана, Хадсон-Оди ќе мора да поќека до ноември наредната година. Според правилата на ФИФА, мора да минат три години од последниот настап, а потоа фудбалерот ќе може да ги смени националните бои. Хадсон-Одои последен пат за Англија настапил во ноември 2019 година.

Scroll to Top