Шефовите на државите обично малку се занимаваат со своите омилени клубови, обидувајќи да не навредат никого, но тоа не е случајот со претседателот на африканската нација, Руанда, кој јавно проговори за слабата форма на неговиот омилен клуб, Арсенал.
Пол Кагаме реши да се јави преку Твитер, откако Арсенал загубија со 0:1 на гостувањето кај Атлетико Мадрид и испаднаа во полуфиналето на Лигата на Европа. Покрај ова, Арсенал, кој ќе се раздели од Арсен Венгер на крајот на сезоната, нема да играат ниту во Лигата на шампионите, бидејќи се на шестото место со 57 поени.
Кагаме, кој станува претседател на Африканската Унија, вели дека вината е кај сопствениците на клубот.
„Моето мислење за мојот омилен клуб Арсенал – со тренер како Венгер не смееше да се дозволи ваков крај на ерата. Тренерот заминува, клубот е без трофеи. Одиме напред. За ова се виновни сопствениците. Кажав и претходно дека нешто клучно мора да се менува во клубот, но промените не беа добри“, вели Кагаме.
My take on my beloved Club Arsenal- a very good one at the game and a very good coach like a.Wenger ,this should not have been the kind of ending of an era. The coach is leaving and club trophy-less it was long coming! I am still a committed fan going forward :). Blame the owners
— Paul Kagame (@PaulKagame) May 3, 2018