Бразилскиот фудбалер Рафел, тврди дека неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Андерсон, имал потенцијал да биде најдобар играч во светот.
Андерсон, на 16-гпдишна возраст дебитираше за Гремио, а на 18 години потпиша договор со Порто. Како фудбалер на Манчестер јунајтед, во 2008 година, ја доби наградата „Голден бој“, за најдобра млад играч во светот.
Сепка, во кариерата имаше проблеми со вишокот килограми и не успеа да го покаже вистинскиот потенцијал.
„Се возиме по автопат, одиме на некој натпревар, Андерсон скока од радост и вика „Мекдоналдс, Мекдоналдс“. Беше луд, но јас го сакам. Дајте му топка и слобода на теренот и тој може да игра како најдобрите во Премиер лигата. Но му се случија повредите и проблемите се нездравата исхрана“, рекол рафаел.
„Знаете, Андерсон во најдобра форма беше кога играше многу натпревари и кога имаше малку време да јаде. Да беше професионалец и да внимаваше на исхраната ќе беше најдобра во светот“.
Андерсон на 32 години замина во пензија, како играч на Аданаспор.