Себастијан Фетел, возачот на Астон Мартин, немаше успешен викенд на Силверстон. Четирикратниот светски првак не успеа да ја заврши трката за Големата награда на Велика Британија.
Трката, ја обележа инцидентот на самиот почетокот, помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен и на која победи Британецот.
Фетел, и покрај тоа што не ја заврши трката, се најде во центарот на вниманието. Германецот, по завршувањето на трката, заедно со навивачите, го чистеше ѓубрето кое зад себе на трибините го оставија 140.000 гледачи.
Себастијан Фетел, во кариерата, два пати победил на Силверстон во 2008 и 2018 година.
After a tough race, Sebastian Vettel stayed behind with a group of fans to help the clear-up at Silverstone ❤️pic.twitter.com/16EIzzHVAL
— Formula 1 (@F1) July 19, 2021