Играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, ова лето би моѓел да го направи трансферот на кариерата. Италијанските медиуми објавија дека мадридски Реал ќе испрати понуда за неговите услоги.
Реал за наредната сезона планира да го озвежи тимот, а еден од играчи што се поврзува со европскиот првак е репрезентативецот на БиХ. Миралем Пјаниќ.
Овој играч и во минатите сезони се поврзуваше со „кралскиот клуб“, меѓутоа дури сега Флорентино Перез е подготвен да испрати понуда до Јувентус.
Медиумите во Италија пренесуваат дека Реал за Пјаниќ нуди 60 милиони евра.