Top Sport

Федерер на одмор во Хрватска

Роџер Федерер, во друштво на својот тренер Иван Љубичиќ, се наоѓа на одмор во Малиот Лошињ, Хрватска. Заедно со нив, според хрватските медиуми бил и прославениот француски фудбалер, Тиери Анри.

Локалните жители биле воодушевени што освојувачот на 20:Гренд слем титули, одмора на нивниот остров.

Федерер, го откажа настапот на Олимписките игри во Токио, поради повреда на коленото. Швајцарецот се повреди на Вимблдон, каде дојде до четврт-финалето.

Федерер, во кариерата, има златен медал во дубл, со Стен вавринка, на ОИ во 2008 година и сребро во сингл на ОИ во 2012 година.

Scroll to Top