Top Sport

Репрезентативците во хуманитарна акција за помош на малиот Јаков

Фудбалските репрезентативци на Македонија, кои настапија на Европското првенство, се вклучија во хуманитарната акција за помош на двегодишниот Јаков, кој се ори со тешка болест. Неопходна е значителна парична сума за да може малиот Јаков лекувањето да го продолжи во странство.

Репрезентативците, се согласиле да се потпишат на заедничката фотографија, која преку социјалната мрежа Твитер е ставена на аукција. Собраните средства ќе бидат донирани за лекувањто на Јаков.

Двегодишниот Јаков, мина низ две тешки операции, му беше отстранет тумор, а притоа загуби еден бубрег.

Почетната цена на фотографијата е 1.000 евра. Аукцијата ќе трае во наредните 24 часа.

Scroll to Top