Top Sport

Головкин продолжи да ги „гази“ противниците (видео)

Генадиј Головки продолжи да ги „меле“ своите противници во рингот, откако го „смачка“ предизвикувачот Ванеш Мартиросјан за да стигне до 20. одбрана на титулата во средна категорија, израмнувајќи го рекордот на Бернард Хопкинс.

Мечот, кој требаше да се одржи против Мексиканецот Саул „Канело“ Алварез, кој е суспендиран поради позитивен тест, и да биде прослава на мексиканскиот празник Чинко де мајо.

Мартиросјан го спушти гардот уште по почетокот на мечот и тргна во напад со подолгите раце, но популарниот „Џи-џи-џи“ со низа удари ја протресе сигурноста на противникот, и  по стартот на втората рунда, Головкин влезе во ритам и го „здроби“ пред судијата Џек Рајс да избори до 10.

„Втора рунда – чист бизнис“, изјави Головкин (38-1-0, 34 КО).

Алварез имаше двоен позитивен тест на кленбутерол, тврдејќи дека јадел контимирано месо. Марторисјан (36-1-4) имаше само три недели да се подготви за мечот, откако Гери О’Саливен ја отфрли можноста да стане шампион.


Scroll to Top