Канадскиот тенисер Денис Шаповалов (10. на АТП листата) е поразен од чешкиот квалификант Вото Коприва во борбата за четвртфинале на турнирот во швајцарски Гштад.
Изненадувањето да е поголемо Коприва кој е 249. светски тенисер во моментов за 110 минути го среди Канаѓанецот и тоа со пресврт, 2:6, 6:3 и 6:2.
Сензацијата на Чехот е прва по онаа на Танасис Кокинакис кој како 698. светски играч славеше против тогаш шестиот во свет – Милош Раониќ, во 2017 година.
Коприва во четвртфиналето на турнирот денеска попладне ќе игра против Швеѓанецот Микел Имер.
Интересно е што Шаповалов пред турнирот во Швајцарија го намачи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон.