Top Sport

Галата направи +3 за да стане фаворит за турската титула (видео)

Галатасарај е многу блиску до 21. титула од турската Суперлига, откако со тешката 2:1 победа на гостувањето кај Акхисар направија предност од три поени на табелата, на две кола до крајот на сезоната.

Тимот на Фатих Терим сега има 69 поени, три повеќе од истанбулските ривали Фенербахче и Бешикташ, со подобра гол-разлика и со мечеви против Малатија (дома) и Гезтепе (на гости) до крајот на сезоната.

Холанѓанецот Гери Родригес со два гола во 15. и 18. минута најави убедлива победа на Галата, меѓутоа и Акхисар може да жали за шансите, посебно по промашениот пенал во 33. минута од мечот. Сердар Азиз во 51. минута си постигна автогол за Галата да се „тресе“ до крајот на натпреварот за обезбедувањето на поените.



Scroll to Top