Неизвесноста за тоа дали Пол Погба ќе ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед продолжува, но челниците на клубот од „Олд Трафорд“ сепак побараа евентуална замена.
Доколку Погба си замине од Манчестер, најверојатно во ПСЖ, тогаш „ѓаволите“ ќе тргнат по Шпанецот од Атлетико Мадрид, Саул Нигез.
Порано проблем беше високата откупна клаузула, но клубот од Манчестер смета дека сега може да го ангажира за околу 50 милиони евра.
Саул има договор со „јорганџиите“ до 2026 година и еден е од оние фудбалери кои имаат најголема плата на „Ванда Метрополитано“.
Пропадна комбинацијата за размена со Барселона, со Антоан Гризман.
Да биде комбинацијата уште поинтересна, Јунајтед го сакаат и бекот на Атлетико, Англичанецот Киран Трипие, но сето тоа не е поврзано со евентулен трансфер на Саул.
Приоритет за Манчестер деновиве е реализација на трансферот на Рафаел Варан од Реал Мадрид.