Top Sport

Се е по старо – Осака победува и пак дава изјави за медиуми!

Јапонската тенисерка Наоми Осака по месец и половина го прекина бојкотот кон медиумите. Освојувачката на 4 грен слем трофеи не соработуваше со медиумите од почетокот на Ролан Гарос кога порача дека е во депресија и дека нема да дава изјави неодредено време.

Таа денеска со победа го стартуваше олимпискиот тениски турнир во Токио, славеше против Саисаи Џенг од Кина со 6-1 и 6-4.

Потоа во микс зоната даде изјави за две тв екипи, за еден јапонски весник и за еден медиум на кој зборуваше на англиски јазик.

„Не се чувствувам чудно, можеби тоа така ви се чини. Среќна сум што повторно ми поставувате прашања, но повеќе од се сум сконцентрирана на тенисот“ порача Осака.

Ја прашаа кога дознала дека токму таа ќе го запали олимпискиот оган.

„Во март, во Мајами. Бев многу среќна и почестена. Сега сум многу горда. Кога го запалив пламенот, тоа беше посебна чест за мене. Тоа е нешто за кое сонувате и не може тоа секој да го направи. Кога ме прашаа дали можам тоа да го сторам бев изненадена и среќна во исто време, посебно поради тоа што се случува во Токио“ порача Наоми.
Неа во второто коло на тенискиот турнир ја чека меч со Викторија Голубовиќ од Швајцарија.

Scroll to Top