Top Sport

Скандал во Токио – времето и судиите покажаа едно, фотофинишот друго!

Една од главните теми денеска во Токио поврзани со ОИ е спорната завршница на пливачката трка на 100 метри пеперутка во женска конкуренција.

Австралијката Ема Мекеон и Јуфеи Жанг од Кина водеа голема борба за првото место, а на крајот судиите решија да биде нерешено.

Двете пливачки отпливаа со време 55,82 секунди, а она што направи полемики е сликата од фотофинишот на која се гледа дека Мекеон прва го допира ѕидот кој претставува цел.

Инаку, Мекеон нешто подоцна на натпреварувањето во штафета 4 x 100 метри слободно стигна до златниот медал.
Еве како изгледа фотофинишот:

Scroll to Top