Иако некомплетен, Реал Мадрид денеска гостуваше на „Ајброкс“ стадионот во Шкотска, кај Глазгов Ренџерс во пријателски меч.
Четата на Карло Анчелоти претрпе пораз со 2-1 иако на полувремето имаше предност од 1-0.
Родриго со голот уште во 8. минута донесе предност за Кралевите, но пулените на Стивен Џерард одиграа квалитетни втори 45 минути и со пораз го испратија реномираниот противник.
Начо заработи два жолти картони, а српскиот ас Лука Јовиќ одигра едно полувреме, но се чини не задоволи со својот настап.