Зинедин Зидан беше делумно задоволен од 2:2 ремито во „Ел Класико“ против Барселона на „Ноу Камп“ и не сакаше да навлегува во критиките за контроверзните одлуки на судијата.
„Во вториот дел можеби бевме малку пренагли во нашата игра. За судијата беше тешко, имаше по малку од сѐ, но на крајот мислам дека не можеше да смени ништо. Не знам дали ремито е заслужено или заслуживме победа“, изјави тренерот на Реал по мечот.
Тој не ја знаеше природата на повредата на Кристијано Роналдо.
„Ќе видиме околу Кристијано, прво што ќе покажат снимките и дали ќе биде потребно да отсуствува од теренот и тренинзите“, додаде Зидан.
Спортскиот директор на Реал, Емилио Бутрагењо беше подиректен.
„Не сакам да зборувам за судиите, но морате да сфатите дека прво имаше чист фаул на Варане, а линискиот судија тоа не го виде. Навистина чудно“, изјави Бутрагењо.
Израмнето на хаотичното „Ел Класико“ на преполниот „Ноу Камп“ (видео)