Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Жалгирис во Каунас со 87:66 и по четвртото коло го задржаа максималниот скор, додека литанскиот шампион има две победи и два порази.
„Кралскиот клуб“ до триумфот во Каунас го предводеше брилијантниот Лука Дончиќ кој постигна 28 поени, најмногу досега во кариерата во Евролигата, 9 скока и 4 асистенции. Тинејџерот на Реал на овој меч оставри индекс 35 и речиси е сигурно дека и во ова коло ќе биде МВП.
Дончиќ беше далеку најдобар во претходното коло со индекс 41.
Инаку неисвесност на дуелот во Каунас имаше само до средната на второто четвртина кога Жалгирис водеше 26:25, потоа Реал направи серија 2:13 имаше двоцифрена предност по првиот дел, а потоа на рутина одигра во вториот дел за четвртата победа во низа.