Словенечката кошаркарска мегаѕвезда, Лука Дончиќ вели дека добива многу барања за фотографирање со спортските ѕвезди на Олимпијадата во Токио, откако неговите настапи во НБА лигата го направија сензација, но дека „шампион“ на Игрите дефинитивно е светскиот тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ.
„Ми се допаѓа што сум ѕвезда на Олимпијадата, ако навистина сум ѕвезда. Да, многу се фотографирам, но немам шанси со Новак Ѓоковиќ на пример“, вели Дончиќ за „Еурохупс“.
Дончиќ веќе покажа како се игра за својата репрезентација, откако прво ги однесе на Олимпијадата со импресивна победа над Литванија во баражот, за да постигне 48 поени за победа над Словенија, само 7 поени од рекордот на Оскар Шмид на една Олимпијада.