Top Sport

Федерер го прекрши ветувањето и се облече како Надал!

Роџер Федерер неодамна во едно интервју беше запрашан дали некогаш ќе носи маички без ракав како неговиот главен ривал Рафаел Надал, бидејќи неговите раце не се како тие на Шпанецоот.

„Тоа нема да се случи. Зошто? Моите раце не се како неговите раце. Толку е едноставно“, му одговори Федерер на Џим Куриер на Австралија опен оваа година.

Само три и пол месеци подоцна на тренинг во Дубаи, Федерер беше „уловен“ со маичка „Најк“, иронично, иста со каква Надал тренираше пред Мадрид опен оваа недела. Разликата е очигледна.

Scroll to Top