Top Sport

Женската У-18 репрезентација во две четвртини не постигна кош, прими 64 поени

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години се изрезили на ФИБА челинџерот во Софија.

Македонија доживеа тежок пораз од врсничките од Словенија 22:88. Словениките на полувреме водеа со 45:13.

Целата слика на дебаклот најдобро ја отсликуваат првата и последната четвртина во кои избраничките на Јелена Антиќ не постигнаа ниту еден поен.

Словенија првата четвртина ја доби со 34:0, а последната со 30:0.

Scroll to Top