Top Sport

Зенит дава 30 милиони евра за Белоти

Зенит Санкт Петерсбург се подготвени да дадат 30 милиони евра на Торино за услугите на напаѓачот Андреа Белоти, и во клубот сериозно размислуваат за понудата за својот најдобар играч.

Претседателот на Торино, Урбано Каиро, кој подолго време се обидуваше да го убеди Белоти да го продолжи договорот со Гранде Торино, сега се предомислува, посебно бидејќи следната сезона му е последна од договорот на капитенот. Сепак, во клубот ќе остават простор Белоти сам да одлучи.

27-годишниот Белоти играше во шест меча на Италија на Европското првенство, а во Рома е од август 2015 година кога пристигна од Палермо. Оттогаш тој има 228 меча и 105 гола за „биковите“.

Scroll to Top