Top Sport

Нигеријка трчаше на 100 метри па доби суспензија поради допинг

Атлетичарката од Нигерија, Блесинг Окагбаре, настапи во квалификациите на 100 метри, а по трката доби суспензија од ИААФ и таа повеќе нема да се натпреварува во Токио, а поради позитивен допинг-тест се соочува со подолга суспензија.

Суспензијата на Окагбре, која има сребрен медал од ОИ во Пекинг во 2008 година е уште еден голем удар за Нигерија. Оваа земја, вчера остана без 10 атлетичари кои не г исполниле барањата на анти-допинг комисијата.

Инаку, Окагбре била тестирана пред 12 дена,а бидејќи анализите се правата во Европа, нејзиниот резултат од тестот бил испратен доцна синоќа по јапонско време. Поради тоа таа настапи на во кавлификациите на 100 метри.

Во својата група таа забележа резултат 11.05 секунди и беше една од фаворитките за пласман во финалето.

Scroll to Top