Top Sport

Млад фудбалер на Ајакс загина во сообраќајна несреќа

Ноа Гесер, 17-годишниот фудбалер на Ајакс, настрада во сообраќајна несреќа, која се случи во текот на изминатата ноќ.

Гесер беше член на Ајакс од 2018 година, бил член на тимот за играчи до 17 години. Мечот помеѓу првиот и младиот тим на Ајакс ќе започне со едноминутно мочлење.

„Добивме страшна вест. На Гесер го загуби животото. Заедно со него настрада и неговиот брат. Сите играчи на Ајкас ќе носат црна лента на дресот. Во знак на жалост, знамињата во нашиот тренинг центар ќе бидат спуштени на половина копје“, соопшти Ајакс.

Гесер е роден на 27.февруари 2005 година, Во Ајакс пристигна од Алфес бојс.

Scroll to Top