Лука Дончиќ, играчот на Реал Мадрид, од Евролигата ја доби нагрдата „Ѕвезда во подем“. Словенецот оваа награда ја доби и минатата сезона.
19-годишниот бек зад себе има брилијантна сезона, во која го освои златниот меда на Европското првенство, а со Реал е лидер во Шпанија и ќе игра на завршниот турнир во Евролигата.
Сите тренери на евролигашките екипи гласале за Дончиќ втор пат да ја добие оваа награда.
Тинејџерот Евролигата ја заврши со просек од 16,1 поен, четири скока, 4,4 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар. Дончиќ има просечен идекс 21,8 по натпревар, категорија во која е убедливо на првото место.
Лука Дончиќ беше МВП во октомври, а четири пати беше МВП на колот.
Досега уште само Богдан Богдановиќ (2014, 2015) и никола Миротиќ (2011, 2012), два пати ја добивале оваа награда.
Претходно „Ѕвезди во подем“ биле Еразем Лорбек (2005), Андреа Барњани (2006), Руди Фернандез (2007), Данило галинари (2008), Новица Величковиќ (2009), Рики Рубио (2010), Костас Папаниколау (2013), Алекс Абринес (2016).