Top Sport

Нуно го носи Траоре во Тотенхем

Новиот менаџер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, планира да го донесе неговиот поранешен играч Адама Траоре од Вулверхемптон како ново засилување, откако се очекува следната недела да биде комплетиран договорот од 43 милиони фунти за бекот на Аталанта, Кристијан Ромеро.

25-годишниот Траоре има уште две години од договорот со тимот од „Молињу“, и Вулверхемптон бараат 45 милиони фунти за неговиот трансфер. Ливерпул, Челси и Лидс беа поврзувани со трансфер за Траоре претходно.

Тотенхем досега донесоа две засилувања – голманот Пјерлуиџи Голини на позајмица од Аталанта и Брајан Хил за 21 милиони фунти од Севилја, во договор со кој Ерик Ламела замина за Андалузија.

Scroll to Top