Top Sport

Болоња на необичен начин го претстави „духот“ Арнаутовиќ

Марко Арнаутовиќ по фудбалската печалба во Кина, се враќа во Серија А, откако Болоња официјално го претставија австрискиот репрезентативец со интересно видео на социјалните мрежи.

Болоња го потврди трансферот од кинескиот Шангај порт со снимка од стадионот „Ренато Дал’Ара“ на кое лута еден дух низ ходниците, кој потоа се открива дека е токму Арнаутовиќ.

„Не е препорачано за луѓе кои лесно се плашат“, пишува во видеото на Болоња.

Scroll to Top